Верижен судар на возила од четири држави на магистралниот пат Кичево-Гостивар
Во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кичево-Гостивар, која се случила вчера, учествувале возила од дури четири држави.

-На 30.05.2026 во 14:10 часот, кај месноста „Сеферов бунар“ на магистралниот пат Кичево-Гостивар, случена е сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „фолксваген кеди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ф.К.(62) од кичевското село Грешница, товарно возило „сканија“ со албански регистарски ознаки, управувано од А.С.(60) од Делисуфај, Република Албанија, патнички автомобил „бмв“ со унгарски национални ознаки, што го управувала В.К.(45) од Будимпешта и патнички автомобил „фиат“ со српски национални ознаки, што го управувала М.Г.(32) од Ниш, информираа од МВР.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на првото возило кој, поради сериозноста на повредите е пренесен во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на незгодата, извршија полициски екипи, дополнија од МВР.






