Партијата на Села се преименува во „Албанска лига“

,,Денес не завршува, денес почнува сè“, изјави Зијадин Села на Петтиот конгрес на партијата, што отсега ќе го носи името Албанска лига. Обраќајќи им се на активистите, Села порача дека претстои многу работа и најави формирање на подограноци на партијата.

 

Тој истакна дека нема да останат пасивни и повлечени пред, како што рече, обидите за нарушување на правата, туку дека ќе одговорат со политичка активност и ангажман. Притоа, повторно ги нагласи своите ставови за актуелните политички теми во земјата, како и за можноста за влез во Владата.

Воедно, зборувајќи за Алијансата за Албанците под нивно раководство, Илире Даути рече дека таа секогаш ги отстранувала пречките и тешкотиите од патот на Албанците. Таа истакна дека на оваа политичка насока ќе ѝ претстои и ќе ја предводи Зијадин Села.

Даути додаде дека политиката се карактеризира со две категории луѓе. Според неа, во првата категорија се оние кои придобивките ги бараат за себе, додека во втората се луѓето кои „се жртвуваат и ги повредуваат своите раце за да ги отстранат трњето и пречките од патот за идните генерации“.

Back to top button
Close