Членови на боречки клуб пријавиле дека биле нападнати од членови на друг боречки клуб во Скопје
Од МВР информираат дека членови на еден боречки клуб, во главниот град, пријавиле дека физички биле нападнати од членови на друг боречки клуб.

-На 30.05.2026 околу 21:30 часот во СВР Скопје Т.Р.(19) од Скопје пријави дека на подрачјето на Бит Пазар тој, неговите татко и брат и уште седум лица од боречки клуб биле физички нападнати од Ј.Р., Б.Е. од друг боречки клуб и уште неколку други лица кои употребиле тврд и остар предмет како и стаклени предмети и истите се здобиле со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.






