Ракометарите на Охрид го освоија Европскиот куп

Ракометарите на Охрид се победници во Европскиот куп сезона 2025/26. До историскиот прв трофеј на европската сцена, ГРК Охрид дојде по две победи во финалните пресметки со унгарска Татабања.

По минималната победа (29:28) на гостински терен минатата недела, вечерва во преполната сала „Билјанини Извори“ домаќините славеа триумф со 31:25 (полувреме 12:11).

Победата на ракометарите на Охрид им ја честита и премиерот Христијан Мицкоски.

-Искрени честитки до ГРК Охрид за историскиот успех и освоениот европски трофеј!
Вашиот успех е гордост за Охрид и за цела Македонија.
Нека оваа титула биде поттик за уште поголеми достигнувања во иднина. Честитки шампиони!, напиша премиерот.

Back to top button
Close