Градоначалникот на Битола ги прифати оставките во Пелистер, следува ревизија на работењето

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, на социјалните мрежи соопшти дека ја прифаќа оставката на управувачката структура, техничкиот директор и стручниот штаб на ФК Пелистер по поразот во Кавадарци и испаѓањето на клубот во Втората лига.

Screenshot

Во обраќање до јавноста, Коњановски оцени дека станува збор за тежок ден за спортот во Битола и разочарување за сите љубители на фудбалот.

Тој најави дека ќе биде побарана ревизија на досегашното работење на клубот со цел да се добие јасна слика за состојбите и да се постават нови планови за иднината.

„Овој пораз мора да ни даде насоки каде сме згрешиле и каде треба да бидеме подобри, во интерес на ФК Пелистер и во интерес на Битола“, порача Коњановски.

Градоначалникот нагласи дека Пелистер бил и мора да остане гордост на Битола, додавајќи дека е потребна поголема ангажираност од сите структури поврзани со клубот – од локалната самоуправа и администрацијата, до раководството и играчите. објави Скопје1.мк

Back to top button
Close