СДСМ: Истече рокот за исполнување на Реформската агенда, се потври уште една лага на Мицкоски
01.06.2026 10:00
627 Читање помалку од 1м
Соопштение на СДСМ:

Истече рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави пред граѓаните, до 1 јуни да ги исполни сите точки од Реформската агенда.
Уште едно ветување на Мицкоски останува не исполнето.
Уште една лага на Мицкоски е разобличена, не се исполнети сите точки од Реформската агенда.
Христијан Мицкоски дојде на власт со лаги и продолжува да лаже.
Ветуваше дека ќе го врати името, дека ќе го укине Преспанскиот договор, дека ќе обезбеди подобри преговарачки услови, поголеми странски инвестиции и подобар животен стандард.
Најмногу лажеше дека јазикот, културата и македонскиот национален идентитет се загрозени.
После две години власт на Мицкоски нивните лаги се разобличени.
Мицкоски го нарече Преспанскиот договор ремек-дело на дипломатијата. Гордана Сиљановска призна дека македонскиот јазик, култура и идентитет се заштитени и апсолвирани. Тимчо Муцунски призна дека членството во НАТО е „феноменална работа” која создава поволна клима за инвестиции.
Во меѓувреме, странските директни инвестиции паднаа за над 60 проценти. Економијата стагнира, нема зголемување на минималната плата на 600 евра, инфлацијата е повисока од европскиот просек, а граѓаните секој ден сè потешко врзуваат крај со крај.
Не го вратија името. Не го укинаа Преспанскиот договор. Не обезбедија подобри услови. Не ги исполнија реформите за ЕУ.
Наместо напредок, донесоа застој, изолација и разочарување.






