„Битолската полиција уапсила шест деца кои ја завршиле нивната работа“ – Јанаки Митровски бара слобода за битолчаните

Познатиот адвокат Јанаки Митровски во објава на социјалните мрежи реагираше за случајот во кој наводно шестмина млади битолчани креирале лажен профил, преку кој се претставувале како 14-годишна малолетничка и ловеле педофили.

Во објавата на Фејсбук, Митровски повика овие млади момчиња да бидат ослободени, бидејќи како што вели во почетокот на својата објава, им работеле работата на полицијата.

„Битолската полиција уапсила шест златни деца од Битола кои, види богати, ја работеле нивната работа. Креирале лажен профил на 14 годишно девојче и ловеле педофили. И генијалциве ги пријавуваат за Насилство(треба да се докаже) Злоупотреба на лични податоци(кој е оштетен и чиви податоци злоупотребиле?) Неовластено снимање( не постои ова дело сем ако извршител не е државен службеник/орган/безбедносна служба итн или ако не е на јавен простор) и Самовластие( кое забога право што им припаѓа самовласно си го прибавуваат)“, објаснува Митровски.

Тој додава дека наместо пријава, битолската полиција треба да ги, како што рече, части децава, од кои најстариот е 22 години, а еден е малолетен.

„Не чувме само за кој педофил пуштија пријава. Јазʼк! СЛОБОДА ЗА ДЕЦАТА!“, порача адвокатот.

Back to top button
Close