Отповикана расправата за девет полициски службеници обвинети за Кочани по барање на одбраната
Основниот кривичен суд Скопје ја информира јавноста дека главната расправа за предметот КОК бр. 7/26, против девет обвинети полициски службеници поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“, закажана за 1 јуни 2026 година, се отповикува.

Причината за одложувањето е барање од одбраната на обвинетиот Г.И., со образложение дека неговиот бранител е ангажиран во друг притворски предмет.
Од Судот додаваат дека расправата ќе продолжи на претходно утврдениот термин на 15 јуни 2026 година, за кој сите странки се веќе уредно известени.





