News24: Ова се имињата на 10 познати млекари во Македонија кои ги лажеле граѓаните
Голема измама на потрошувачите откри Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) по спроведените вонредни инспекциски контроли во поголемите синџири маркети низ земјава. Официјалните ветеринари подигнале вкупно 91 мостра од млеко, млечни производи и сувомеснати производи (од домашно производство и од увоз) за да утврдат дали нивниот реален квалитет соодветствува со она што е напишано на декларациите.

Првичните резултати за млечните производи се поразителни: кај голем дел од операторите е откриено сериозно мамење на купувачите преку вештачко „осиромашување“ на производите и користење евтини растителни замени.
Од лабораториски анализираните 45 мостри од млеко и млечни производи, дури кај 10 оператори со храна е утврдено дека производите не одговараат на Правилникот за квалитет. Наместо ветената хранлива вредност, во овие производи бил изменет соодносот на мастите во корист на водата и евтините суровини.
News24 го објави имињата на 9 од нив:
1. Млекара Милком – мешан кашкавал млечни масти по декларација 34.5% по анализа 30%.
2. Млекара Маврово – мешано сирење по дркларација 24.5% по анализа 17.5%.
3. Млекара сентис аг тетово УХТ млеко по декларација 3.2% по анализа 2.85%, протеин деклариран 3.5% по анализа 3%. павлака кисела по декларација млечна маст е 18% по анализа 14%.
4. Млекара Ѓорѓиеви козјо сирење по декларација 23% по анализа 16.3% млечна маст, протеин по декларација 18.8% по анализа 14.6%.
5. Млекара Пк Златибор Србија увоз-златиборско ситно сирење по декларација млечна маст 14.3% по анализа 1.19%.
6. Млекара Бела фарм производ Урда по декларација млечна маст 25% по анализа 5.54%
7. Млекара Продукт – бренд кравјо сирење по декларација млечна маст 15% по анализа 11.4%., протеини 12% по анализа 15%.
8. Тетовска млекара мешано сирење по декларација 23% по анализа 19.8% млечна маст.
9. Млекара Норд милк млечна павлака со пиперка позитивна на растителни масти.






