Медицински тим се поклони на починат органодарител

Со длабока почит кон починат органодарител и со искрена благодарност до неговото семејство, медицински тим оддаде чест на една од најхуманите одлуки што може да се донесе во миг исполнет со најдлабока болка и тага.

-Во овие моменти, хуманоста на едно семејство и посветеноста на здравствените работници отвораат можности за нова надеж и нов живот, вели проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

-Министерството за здравство изразува најдлабока благодарност до семејството на дарителот и признание до сите медицински тимови вклучени во овој сложен и благороден процес, истакнува министерот за здравство Азир Алиу.

Од МЗ потенцираат дека органодарителството претставува највисок чин на човечност и солидарност, кој овозможува спасување и подобрување на животите на многу пациенти.

Органодарителството останува симбол на надежта, хуманоста и несебичната поддршка кон оние на кои им е најпотребна

Back to top button
Close