,,Градски паркинг“ исцртува во Ново Лисиче, граѓаните негодуваат: Зонското ќе го намали или ќе го зголеми проблемот со паркирањето?

Во Ново Лисиче во тек е исцртување на паркинг-места како дел од активностите за воведување зонско паркирање во оваа населба. Штом заврши обележувањето и поставувањето на информативните табли, зонското истовремено ќе се воведе и во Ново Лисиче и во Реонски центар, населби кои имаат исклучително сериозен проблем со паркирањето.
Колку воведувањето на зоната Д, која ќе овозможи бесплатно паркирање за жителите и наплата од 25 денари за час за гостите, ќе го олесни наоѓањето на слободно паркинг место е друго прашање, особено што со зонското не се овозможуваат нови површини за паркирање туку само се обележуваат места на постоечките.
Она пак, што сериозно ги загрижува жителите на Ново Лисиче е стравувањето дека со начинот на кој екипите на „Градски паркинг“, претпријатие кое ќе стопанисува со зоната, се обележуваат местата за паркирање, не само што нема да се олесни туку и ќе се влоши проблемот, поради тоа што местата се обележуваат право, а не накосо.
Граѓани реагираат дека честопати поради метежот со паркирање, автомобили се паркираат и на средината од улиците и доколку местата од двете страни не се косо обележани, ова во иднина ќе биде невозможно.
Некои пак имаат забелешки затоа што на улици каде досега се паркирале возила од двете страни, сега се исцртани места само од едната.
Извор; слободрн печат






