Охриѓанецот, проф. д-р Петар Поповски стана член на Кралската данска академија на науките и книжевноста
– Привилегиран сум да станам член на Кралската данска академија на науките и книжевноста, каде што поранешен претседател беше еден од моите херои, Нилс Бор. Би сакал да им се заблагодарам на научниците кои ја поддржаа мојата номинација и со нетрпение очекувам да придонесам за активностите на Академијата преку призмата на теоријата на комуникацијата и технологијата, вели професор Поповски.

Од Академијата истакнуваат дека 30-те нови членови кои ќе бидат дел од напорите на друштвото за зајакнување на истражувањата во корист на општеството ги следат стапките, меѓу другите, на Нилс Бор и Х.К. Орстед.

Petar Popovski
Foto: Lars Horn / Baghuset
Dato: 29.09.21
– Данската академија на науките и хуманистичките науки се стреми да ги опфати сите гранки на науката и на тој начин широко да го претстави светот на истражувањето. Ова го одразува професионалното искуство на членовите на друштвото, кои сега имаат уште поголем опсег со 30 нови членови. Со 30 уникатни професионални профили, новите членови се приклучуваат на здружение каде што тие, заедно со другите членови, ќе формираат дел од интердисциплинарна заедница и форум. Тука, учеството во комитети и комисии, како и проекти и иницијативи, на пример, дисеминација на истражувања или политичка природа, дава можност за обликување и подигнување на агендата за истражување во Данска. Како нови членови на здружението, тоа исто така значи дека тие помагаат да се продолжи наследството на големите гласови во истражувањето, на национално и меѓународно ниво, кои претходно имале статус на членови во здружението – од откривачот на електромагнетизмот Х.К. Ерстед и нуклеарниот физичар Нилс Бор, до научници како Чарлс Дарвин, Марија Склодовска-Кири, Алберт Ајнштајн и Фердинанд де Сосир, стои во објавата.
Проф. д-р Петар Поповски е роден во Охрид, дипломирал на Електротехничкиот факултет при УКИМ во Скопје како првенец на генерацијата, каде што потоа магистрирал, а докторирал на Универзитетот во Олборг, Данска, каде што и денес е професор. Неговата катедра има 30-ина истражувачи кои развиваат напредни безжични комуникациски системи.
Веле Митановски
извор: ОхридПрес фото: Foto: Lars Svankjær/Videnskabernes Selskab, fra selskabets generalforsamling i maj 2024






