ВРЕДИ: Охридскиот договор не е сопственост на ДУИ

„Во изминатите 24 години, Албанците никогаш не го видоа вистинското спроведување на децентрализацијата. Доволно е да се погледнат општините со кои управуваа овие самопрогласени патриоти и сликата станува сосема јасна.
Во текот на 24 години, уставниот принцип што произлегува од Охридскиот договор – правичната и соодветна застапеност, никогаш не го претворија во закон.
24 години слушавме многу ветувања, а видовме многу малку резултати за автопатот Скопје–Блаце. Го ветуваа во 2008, 2011, 2014, 2017, 2020 и 2023 година. Исходот секогаш беше ист, одолговлекување, недовршени работи и пропаганда.
Ова е политичкото досие на една власт која 24 години зборуваше во име на Албанците, а работеше за сопствени интереси.
Во изминатите 24 месеци, откако ВРЕДИ ја доби довербата на Албанците да ги претставува, а денес одбележуваме две години од таа доверба, отворивме процеси што ДУИ не ги отвори ниту за две децении.
За 24 месеци, правичната и соодветна застапеност конечно добива законско решение. Го унапредуваме Охридскиот договор“ велат од ВРЕДИ.






