Русија ќе увезе керозин од Јапонија

Русија, која има криза со гориво, по украинските напади врз енергетската инфраструктура, ќе увезе керозин од Јапонија.
Според западните медиуми, кои се повикуваат на неименувани извори, најмалку 200.000 барели керозин ќе бидат натоварени во јапонското пристаниште Чиба во првата половина на јули, а потоа товарот ќе биде испратен во Јужна Кореја, а во зделката се вклучени неколку трговци. Потоа горивото ќе биде натоварено на брод во близина на јужнокорејското пристаниште Јеосу, пред да се упати кон Русија.
Сè уште не е познато која ќе биде крајната дестинација на керозинот.






