Активистка на републиканците со македонско потекло,пријателка на Мицкоски, организирала молитвата за Трамп во МПЦ

Во црквата Рождество на Пресвета Богородица во Скопје се читала посебна молитва за американскиот претседател Доналд Трам и за САД, на денот кога беше одбележувањето на 250 годишнината од независноста на САД.

Молитвата била иницирана на активистка на Републиканската партија во САД, Слаѓана Аврамоска Митрис, со македонско потекло, која, како што покажуваат нејзините активности на социјалните мрежи е во блиска врска со ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на таа партија и претседател на Владата Христијан Мицкоски.

Како што објавила на Фејсбук Слаѓана Аврамоска Митрис, активист на македонската дијаспора во САД, молитвата ја читал отец Михаил, а потврда за тоа е нејзиниот фејсбук статусот . Таа на Фејсбук сподели фотографија со отец Михаил и со потпретседателот на Сојузот на стопанските комори на Македонија, Орце Симов, по богослужба во црквата во Скопје.

Во коментарот на Фејсбук таа напиша:

„Благодарна сум за посебната молитва и благословот што отец Михаил ги упати за нашиот претседател Доналд Трамп и за нашата земја – Соединетите Американски Држави, по повод Денот на независноста, овде во Македонија. Благодарна сум и за поддршката од потпретседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, г. Орце Симов, кој ни се придружи. Среќен 250. Ден на независноста, Америка! Нека продолжиш да напредуваш од сила во сила“

Порталот Религија.мк објави дека побарале одговор од МПЦ-ОА, дали ова било редовна процедура во сите храмови, но одговорот е дека станува збор за самоиницијативна одлука на овој свештеник.

преземено од Рацин.мк

Back to top button
Close