Чоколаден колач со вишни

Се подготвува брзо, а вкусот е загарантиран, вишните и чоколадото се одлична комбинација.
Состојки:
130 грама мек путер
150 грама чоколадо
150 грама темно чоколадо
180 грама шеќер
100 грама брашно
1 лажичка прашок за печиво
50 грама какао во прав
3 јајца
50 грама бело чоколадо
50 грама млечно чоколадо
100 грама вишни без семки
Подготовка:
Подгответе калап за торта со дијаметар од 24 см обложен со хартија за печење. Растопете го темното чоколадо и путерот на тивок оган, мешајќи постојано. Откако смесата ќе се соедини, оставете ја да се олади неколку минути додека не стане млака. Додадете го шеќерот во млаката смеса од чоколадо и путер. Потоа, додадете го брашното измешано со прашокот за пециво. Додадете ги јајцата и добро измешајте сè. Додадете ги парчињата бело и млечно чоколадо, како и вишните, и нежно измешајте со шпатула или жица за матење. Истурете ја смесата во подготвениот калап. Посипете уште неколку парчиња вишни и чоколадо одозгора. Печете во рерна загреана на 180°C 25 минути. По печењето, оставете го колачот целосно да се олади пред сервирање.






