Големо покачување на горивата. Дизелот за цели 5,5 денари бензинот за 1,5.
Од полноќ поскапуваат горивата: Дизелот поскапува за 5,5 денари, бензините за 1,5 денар

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,59 проценти во однос на претходната одлука.
Новите цени ќе важат од 14 јули, од 00:01 часот.
Според одлуката на РКЕ, цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се зголемува за 5,5 денари за литар и ќе изнесува 88 денари за литар.
Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за 1,5 денар за литар, па новите цени ќе бидат:
ЕУРОСУПЕР БС-95 – 87 денари за литар
ЕУРОСУПЕР БС-98 – 89 денари за литар
Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 4,5 денари за литар и ќе изнесува 86 денари за литар.
Поскапува и мазутот М-1 НС, чија цена се зголемува за 0,938 денари за килограм, со што новата цена ќе биде 42,168 денари за килограм.
Од РКЕ посочуваат дека зголемувањето на цените е резултат на растот на референтните цени на светските пазари, каде што најголем пораст е забележан кај дизелот, како и на промената на курсот на денарот во однос на американскиот долар.
Регулаторната комисија нагласува дека утврдените цени се максимални, а трговците имаат можност да ги продаваат нафтените деривати и по пониски цени.





