Цеков: Весна Бендевска му пишувала на Заев – „Ти си душа и срце од човек“
Независниот пратеник Миле Цеков, кој претходно ја напушти партијата ЗНАМ, во реплика од собраниската говорница упати обвинувања кон Весна Бендевска, дека му испратила пораки на поранешниот премиер Зоран Заев.

„Дали е точно? Одговорете ми, бидејќи, ако не ме демантирате, јас ќе ги објавам пораките. Дали на 25 јануари 2021 година му пишувате порака на Зоран Заев: „Ти благодарам многу, ти си душа и срце од човек, ова нема никој да ти го заборава“?“, и се обрати Цеков на Бендевска од собраниската говорница.






