СП 2026: Иван Бартон ќе го суди дуелот Франција – Шпанија

Светската фудбалска федерација ФИФА ги одреди судиите за полуфиналето меѓу Франција и Шпанија. Натпреварот ќе го суди Иван Бартон од Салвадор.

 

Самото делегирање на Бартон на полуфиналето е изненадување за сите особено што доаѓа од КОНКАКАФ зоната, а се очекуваше да биде некој европски судија. Бартон на Мундијалот судеше три натпревари: Турција – Парагвај, Јапонија – Шведска и осминафиналето Швајцарија – Колумбија.

 

Помошници ќе му бидат Давид Моран од Салвадор и Антонио Пупиро од Никарагва.

 

Натпреварот Франција – Шпанија се игра утревечер (вторник) во Далас со почеток во 21 часот.

Back to top button
Close