УБАВИ ЈАЖИЊА

Сѐ додека има гласачи спремни да пијат и вода загадена од партијата, спасувај се кој може од оваа елементарна непогода во која ни се претвори државата

Имам разбирање зошто гостиварци не излегуваат на протест. Сигурно се премалени и дехидрирани од болеста. Ама, навистина не ми е јасно како никој од здравите луѓе низ цела држава не се загрижи дека државата им краде од парите што ги тргаат во вториот пензиски фонд. Особено што и премиерот им кажа дека идните пензионери нема да бидат задоволни од пензиите.

Пред десетина дена имаше труење во менза во една штипска фабрика. Работниците најавија дека ќе протестираат со тивок бојкот. Како ќе бојкотираат? Така што нема да јадат од фабричката менза, туку ќе си носат храна од дома.

Ова како во вицот кога премиерот го собрал народот да му каже дека „од утре, сите до еден ќе ве бесиме тука на плоштадот!“ Сите молчат, а еден од похрабрите крева рака и прашува: „А извинете, јажето за бесење сами ли да си го купиме, или синдикатот ќе ни го обезбеди?“.

И ете уште еден повод да зборуваме за убави работи и „како никогаш досега“ достигнувања. Наместо поддршка за самовработување, Владата може да дава грантови за јажиња.

Туку, ај како добри комшии и партнери во НАТО, да ја предупредиме Грција на време да го активира европскиот заштитен механизам при елементарни непогоди. Кога ќе тргнат сите оние пластични шишиња од Гостивар низ Вардар, ќе им направиме брана на устието во Егејско Море.

И така, наше ќе биде и Солунско Поле.

5Само за убави работи да зборуваме. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски рече дека „значаен дипломатски успех за нашата земја, кој е производ на координирана државна акција претводена од премиерот Мицкоски“ е тоа што УНЕСКО го одложи впишувањето на Охридскиот Регион на Листата на светско наследство во опасност.

Ете, и УНЕСКО им даде уште 5 години на партиите здружено да го доуништат Охрид. За во иднина да имаме една секирација помалку.

И така, одбележувајќи 35 години независност, да забележиме дека и УНЕСКО придонесе македонската држава да стане елементарна непогода.

Целата колумна на Горан Михајловски на СДК.МК

Back to top button
Close