Германскиот производител на спортски автомобили Порше ќе скрати уште 5.000 работни места


Германскиот производител на спортски автомобили Порше крати дополнителни 5.000 работни места во регионот на Штутгарт, јави ДПА.

Компанијата денеска соопшти дека се договорила со работничкиот совет за продолжување на гаранцијата за вработување до 2035 година.

Кратењето на работните места треба да се спроведе на социјално одговорен начин – првенствено преку природен одлив на персоналот, демографски фактори, шеми за делумно пензионирање и договорени доброволни прекини на работниот однос.

Порше е еден од многуте германски производители на автомобили чии профити драстично паднаа во последните години во услови на растечки трошоци и голема конкуренција на клучниот кинески пазар.

Back to top button
Close