Бегал со трчање – Партиски лидер и пратеник украл таен документ од службите во албанскиот парламент, суспендиран на 60 дена

Снимката од безбедносните камери, која ја пренесуваат медиумите, покажува како Шехај бега, додека вработената, од која насилно го земал документот, брзајќи по него паѓа.

Вработените во обезбедувањето први и притрчале на помош, бидејќи Шехај избегал.
Договорот беше изгласан со 74 гласови, од пратениците владејачката Социјалистичка партија, откако собраниската сала на напушти опозицијата. Расправата беше без присуство на медиумите поради класифицирани податоци во документот. Средствата се наменети за модернизација на албанската армија.
Секретаријатот за процедури, гласање и етика во Собранието, донесе одлука со која го суспендира Шехај на 60 дена од учество на пленарни седници и состаноци на парламентарните комисии. Тој може да одговара и кривично.
Од друга страна, Шехај ги негира обвинувањата, наведувајќи дека неговите постапки имале за цел да го осудат недостатокот на транспарентност во врска со документацијата за договорот и кршењето на Уставот за негово донесување по итна постапка.






