(ВИДЕО) Голем пожар во Струмица, присилно се евакуираат жители, има и хоспитализирани

Големиот пожар што избувна денеска напладне меѓу струмичките села Баница и Водоча и месноста Софилар, во непосредна близина на Струмица, делумно е ставен под контрола и со механизација се прават пресеци за да се спречи ширењето, но според последните информации од ТППЕ Струмица пожарот стигнал до населбата Софилар во Струмица.
Командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, информира дека огнот зафатил една куќа, од која пожарникарите спасиле две жени. Тие не се повредени, но поради вдишување чад, со екипа на Итната медицинска помош биле пренесени во струмичката болница.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информира дека градоначалникот на Струмица е излезен на самото место, а механизацијата противпожарни пресеки.
На помош се повикани пожарникари од Гевгелија, Валандово и Пробиштип а една жена е насилно евакуирана откако сакала да остане и да ја брани викендицата.
Командирот на струмичките пожарникари, Александар Гудев наредил евакуација на граѓаните.
Жителите на Струмица објавуваат дека и во градот паѓа пепел од пожарот.






