УХМР: Утре попладне локално невреме со пороен дожд

– Утре во попладневните часови се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за појава на невреме, проследено со силен ветер и град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во текот на новата седмица времето ќе биде претежно стабилно и сончево, со мала до умерена облачност.






