Нов земјотрес во Јапонија, нема информации за повредени и предупредување за цунами

Уште еден земјотрес со  магнитуда од 5,9 степени денеска ја потресе Јапонија. Епицентарот бил во морето покрај северниот јапонски остров Хокаидо, на длабочина од 46 километри, објави јапонската новинска агенција Кјодо.

Засега нема информации за повредени и не е издадено предупредување за цунами.

Рано изутрината утрово по јапонско време земјотрес со магнитуда од 5,9 степени го потресе источниот дел на Јапонија, вклучувајќи ја и областа на Токио.

Земјотресот беше почуваствуван во главниот град и околината, што ги активира системите за рано предупредување, а луѓето добиваа известувања на своите телефони. Пријавени се најмалку 37 повредени лица.

Според Јапонската сеизмолошка агенција, земјотресот се случил во јужниот дел на префектурата Ибараки, на длабочина од 70 километри. Оваа област се смета како сеизмички исклучително активна.

Back to top button
Close