Вејсели обезбеди најмалку сребрен медал на Игрите во Таранто

Македонскиот борач Фати Вејсели се пласира во финалето на Медитеранските игри во Таранто, Италија. Тој обезбеди најмалку сребро откако попладнево во слободен стил категоријата до 74 килограми го победи Јасин Јесил од Турција со 5:3 во полуфиналната борба.

Во финалето Вејсели ќе се соочи со Ислам Дудаев од Албанија.

Борбата за златото е закажана за утре во 18:40 часот.

Back to top button
Close