Анализи Пет тони марихуана – проверка на финансиите во повеќе фирми, во истрагата нема имиња на екс или сегашни наши политичари

Политичките препукувања ги нема во истрагите

Заплената на марихуана по избивање на скандалот | Фото: МВР

На почетокот на годината, кога српската полиција соопшти дека открила пет тони марихуана на плац во селото Коњух, во близина на Крушевац, доминираа политичките обвинувања од двете страни на границата.

Во Србија, во фокус беше партиската припадност на човекот што ја прифаќал и ја складирал марихуаната близу Крушевац, кој бил општински советник од редовите на владејачката Српска напредна странка (СНС), додека во Македонија, владејачката партија преку чести прес-конференции инсинуираше дека шверцуваниот канабис потекнува од плантажи на луѓе блиски до поранешниот премиер Зоран Заев, додека министерот за внатрешни работи паралелно запленуваше марихуана кај други одгледувачи.

Опозицијата, пак, бараше одговорност во институциите за тоа што дрогата непречено ја поминала границата.

Засега нема ниту официјални, ниту, пак, неофицијални информации за вмешаност на поранешни или сегашни политичари, институции или, пак, други плантажи што произведуваат медицински канабис.

По шест месеци, преку објавената пресуда и преку дополнителните информации од истрагата, до кои БИРН дојде минатата недела, може да се заклучи дека фокусот на работа на двете обвинителства, и тоа во Македонија, и она во Србија, е, сепак, многу потесен. Тие се занимаваат со српските инвеститори во фирмата „Алфафарм“, каде што се одгледувал медицински канабис и со македонските државјани одговорни за логистиката на криумчарењето

Целиот текст на призма.мк

Автор: Фросина Димеска и Владо Апостолов

Back to top button
Close