АНАЛИЗА: “Внатрешниот“ долг на државата се доближи до 700 милиони евра

И на квартално и на годишно ниво, пораст на “внатрешниот ” долг на државата, на крајот на првото економско полугодие доспеаните а неплатени обврски на државата, на централно и на локално ниво, се приближија до 700 000 000 еврa, пишува Порталб.мк.

Според податоците од новата “должничка” листа на Министерството за финансии , државните железнички компании го зголемиле а државните енергетски компании го намалиле долгот.

Долгот кон приватниот сектор, невладините и граѓанските организации надмина 315 000 000 евра

Пораст на доспеаните а неплатени обврски кон јавниот сектор и кон приватниот сектор, здруженијата на граѓани и невладините организации, новите податоци за состојбата со внатрешните обврски покажуваат дека на крајот од јуни годинава се тие се зголемени и во однос на првиот квартал и во однос на истиот период лани. Намалување на должничкиот износ има кон странство и кон физички лица.

На крајот од јуни доспеаните обврски достигнаа 692 523 113 евра и според пресметката на “Порталб”, за шест месеци или во однос на крајот на декември 2025 та, тие се зголемени за 26 370 000 евра. Пораст на доспеаните а неплатени обврски има и на квартално ниво, за дури 17 550 000 евра додека пак во однос на лани истиот период долговите се зголемени за скоро 3 000 000 евра.

 

Доспеани а неплатени обврски

 

Јуни 2026 692 523 113 евра

Март 2026 674 979 750 евра

Декември 2025 665 803 009 евра

Јуни 2025 689 677 466 евра

Извор : МФ

 

Доспеаните а неплатени обврски кон јавниот сектор достигнаа 344 502 000 евра и во однос на состојбата со крајот на минатата година, тие се зголемени за околу 15 000 000 евра. На второ место се обврските кон приватниот сектор, здруженија на граѓани и други непрофитни организации, во износ од речиси 315 200 000 евра и овој долг за шест месеци е зголемен за 20 300 000 евра.

 

Доспеани а неплатени обврски

 

Јуни 2026 Март 2026

 

Кон јавен сектор 344 501 982 е 329 057 229 е

 

Кон приватен и граѓански сектор 315,178,243 е 294 884 695 е

 

Кон физички лица 3 031 000 е 8 814 912 е

 

Кон странство 29 811 987 е 33 046 172 е

 

Извор : МФ

 

Долговите на државата кон физички лица на крајот од вториот квартал изнесувале нешто над 3 000 000 евра и во однос на крајот на декември има намалување. Во анализираниот период, намалување има и на доспеаните а неплатени обврски кон странство, кои на крајот на јуни изнесувале скоро 30 000 000 евра.

На новата должничка писта и натаму “првите пет места” се “резервирани” за двете железнички компании, за двете енергетски државни фирми и за ЈУ од областа на здравството за потребите на здравствените институции. Споредбената анализа на “Порталб” покажува дека на квартално ниво државните железнички компании го “набилдале” долгот, додека доспеаните а неплатени обврски на енергетските фирми се намалени.

 

МЖ Инфраструктура 91 400 000 евра

МЖ Транспорт 79 857 530 евра

ЈУ од областа на здравството 34 977 862 евра

ЕСМ производство 33 818 673 евра

ЕСМ дистрибуција 29 715 403 евра

Извор: МФ

 

Конкретно, на прво место со долг кој достигна скоро 91 400 000 евра е МЖ Инфраструктура а на второ е МЖ Транспорт со доспеани а неплатени обврски во износ од речиси 80 000 000 евра, или долгот само на овие две фирми под државна контрола надмина 171 000 000 евра. На трето место со доспеани а неплатени обврски е ЈУ од областа на здравството ( заедничката служба за потребите на здравствените институции) со долг од скоро 35 000 000 евра. ЕСМ – за производство на струја има обврски во износ од 33 900 000 евра а ЕСМ – дистрибуција скоро 30 000 000 евра. На новата листа на Министерството за финансии се наоѓаат 903 државни институции, агенции, комисии, општини, државни фирми, локални и градски јавни претпријатија, училишта , болници, институции од социјалната заштита и културата , судови, факултети, обвинителства, министерства, кои пријавиле дека имаат доспеани а неплатени обврски

Back to top button
Close