Јапонската уметница Јајои Кусама почина на 97 години

Јапонската уметница Јајои Кусама почина на 97-годишна возраст. Веста денеска ја соопшти музејот во Токио што го носи нејзиното име, иако таа починала на 14 август во болница во јапонската престолнина.

Таа беше една од најважните повоени уметници во Јапонија и стана меѓународно позната по своите шарени „точки“, коишто ги користеше низ скулптури, секојдневни предмети, инсталации и цели соби.

Кусама е родена во 1929 година во градот Мацумото во префектурата Нагано. Живеела и работела во Токио од 1970-тите. Нејзините дела биле изложени во големи музеи и галерии низ целиот свет

Back to top button
Close