Баерн убедлив против Штутгарт

Баерн Минхен синоќа обезбеди убедлива победа од 5:1 над Штутгарт на домашен терен во првото коло од германската Бундеслига.

Стрелци на головите за Баварците беа: Упамекано, Мајкл Олисех, Џошуа Вагноман (автогол) Александар Павловиќ и Луис Дијаз. Џошуа Кимих и Исмаел Саибари имаа по две асистенции за домаќините.

Дефанзивецот на гостите Вангоман, прво израмни во 52. минута, а потоа си постигна автогол пет минути подоцна.

Во следното коло од Бундеслигата, Штутгарт ќе игра против Келн на домашен терен на 4 септември. Баерн ќе патува кај Шалке на 5 септември.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close