ДУИ до Влен: Молкот пред величењето на геноцидот е соодговорност

Молкот пред величењето на геноцидот е толеранција, а толеранцијата во власта е соодговорност, се вели во денешното соопштение од опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ) откако на социјалните мрежи на Демократската партија на Србите во Македонија, чиј претседател е актуелниот министер за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ и на актуелниот директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Далибор Китановиќ имаше објави во кои се глорифицираше ликот на осудениот воен злосторник, Ратко Младиќ кој завчера почина во Хаг.

Од партијата и вчера посочија дека објавите на текст на социјалните мрежи кои упатуваат на пофалби за ликот и делото на воен злосторник претставува мегаскандал, особено што тоа доаѓа од партнер на Влен во Владата.

„Заради неколку фотелји, Влен избра да владее заедно, да молчи и да толерира. Историјата ќе ја памети оваа заедничка историја на ВЛЕН со неговите партнери: молк пред величењето на злосторниците и потчинување пред власта“,
се вели во соопштението.

Според ДУИ, Влен се однесува како да е невладина организација или опозициска партија и чека да реагира јавноста и другите партии, па потоа да излезе со формална реакција за да, како што велат, си ги измие рацете.

„Влен не е набљудувач, туку е во Владата и е соодговорен за партнерите што ги одржува на власт и за се што толерира заради фотелјите“,додаваат оттаму.

Од партијата сметаат дека до оваа состојба не е дојдено случајно, туку како резултат на политичари кои личната кариера ја ставуле над се, кои трпат, молчат и толерираат само за да останат на позициите и функциите.

„Го толерираа доаѓањето на Милогад Додик и неговите антиевропски и проруски говори. Во меѓувреме Влен изгради економски и енергетски односи и партнерства со структури од Србија и Република Српска, од Алта банка до договорите во енергетскиот сектор и проектите за гасификација“,

Затоа, според ДУИ, величењето на воените злосторници од страна на Влен не е изолиран инцидент и е дел од политиката на молк, толеранција и потчинување кон партнерите во власта.

„‘Српскиот свет‘ длабоко навлезе во политичките и институционалните структури на земјата, за што постојано се изразува загриженост и во европските извештаи, додела Влен избра да биде дел од оваа реалност“,
додаваат од опозициската партија.

Според ДУИ, Стоилковиќ и неговата партија и претходно имале слични ставови, како и во случајот со величењето на Младиќ, додека масакрот во Сребреница го нарекле „некрофилски Дизниленд“.

„Токму овој политички профил и овој однос кон еден од најстрашните геноциди во Европа по Втората светска војна, Влен го има за партнер во Владата, додека и еден раководител избран од самиот Влен во институцијата надлежна за правата на заедниците е вклучен во овеличувањето на Младиќ“, се вели во партиското соопштение.

За објавата на фејсбук-прифилот на Демократската партија на Србија на Македонија, во која се глорифицираше ликот на осудениот воен злосторник, кој почина завчера во Хаг, првично беа упатени реакции од опозициските СДСМ и ДУИ.

Откако ДУИ ги обвинија дека молчат за објавата на нивниот коалициски партнер во власта, тогаш со соопштение излезе и владејачката Влен, кое повеќе се однесуваше на објавата на директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Далибор Китановиќ, отколку на текстот што на Фејсбук го сподели партијата на актуелниот министер за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ.

Без да го именуваат, од Влен наведуваат дека позагрживачки е кога вакви содржини се објавуваат од раководител на институција која треба да ги штити правата на Албанците и на другите заедници.

велат од ДУИ.

Back to top button
Close