Обид да се запали дуќан во Центар


Непознато лице фрлило запалива течност врз деловен објект во скопски Центар, при што биле оштетени фасадата и влезната врата.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен вчера во 20:40 часот, а инцидентот се случил околу 03:45 часот.

Оштетениот деловен објект е сопственост на 47-годишниот Г.П. од Скопје. Полицијата работи на расчистување на случајот и утврдување на сторителот.

Back to top button
Close