Патник му украл паричник на таксист

Таксист од Скопје пријавил дека патник му го одзел паричникот со пари и лични документи додека го превезувал на подрачјето на Бит Пазар.

Од МВР информираат дека случајот бил пријавен на 3 септември во 16:45 часот во СВР Скопје. 56-годишниот С.С., кој управувал такси-возило, пријавил дека околу 15:20 часот, едно лице кое го превезувал му го одзело паричникот од возилото.

Во паричникот имало пари и лични документи. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close