Пожар од големи размери кај Химара, евакуирани локални жители и туристи

Пожарот кој изби синоќа над приморскиот град Химара, на југот на Албанија, доби загрижувачки размери поради ветерот.

Ќ

Пламените јазици целосно пеплосaа шест куќи, неколку се опожарени, а поради опасноста беа евакуирани локални жители и туристи, се до целосно стабилизирање на состојбата.

 

Интервенираа противпожарни единици од повеќе градови, 170 припадници на армијата а беа стационирани и амбулантни возила во случај на потреба. Во гаснењето од утрово се вклучени и два армиски хеликоптера.

На терен беа и министрите за одбрана и внатрешни работи, Ермал Нуфи и Бесфорт Ламалари, како и директорот на полицијата Скендер Хита.

Според последните информации спречено е понатамошно ширење на пожарот.

Тешка ноќта беше и во округот Фиер каде пламените јазици, фаворизирани од силните ветрови и високите температури, брзо се проширија од Вадиза кон Леван и понатаму кон областа Мало Пештани (Пештан и Вогел).

Во овие области се уништени маслинови насади, борови шуми, опожарени и неколку домови, работилница и магацин за пчелни кошници и деловен објект.

Back to top button
Close