Вучиќ: Изборите во Србија ќе бидат на 25 октомври, им посакувам на сите демократски натпревар

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека образложениот предлог на Владата за распуштање на Собранието стигнал до него и дека утре ќе го распушти Народното собрание и ќе распише вонредни парламентарни избори.
– Утре напладне ги распишувам изборите за 25 октомври – рече тој, пренесуваат српските медиуми.
Тој истакна дека указите за распуштање на Собранието и распишување на изборите ќе ги потпише утре, точно во 12 часот, а вонредните парламентарни избори ќе се одржат на 25 октомври.






