Кремљ: На претстојниот Самит на АПЕК можна е трилатерална средба Путин – Трамп – Сји

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека на претстојниот Самит на АПЕК можна е трилатерална средба помеѓу рускиот, американскиот и кинескиот претседател.

Песков посочи дека во претходниот телефонски разговор помеѓу Владимир Путин и Доналд Трамп се разгледувала можноста за одржување на трилатерален состанок помеѓу Владимир Путин и Доналд Трамп и кинескиот претседател Сји Џинпинг.

– Секако и претходно се спомнуваше таква потенцијална можност и таквата можност ќе постои, посочи Песков.

Претходно, помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков истакна дека Путин и Сји разговарале за одржување на трилатерална средба на Самитот на АПЕК.

Што се однесува до организирањето трилатерален состанок, тоа е првенствено прашање на домаќините. Доколку тие можат да организираат таков состанок, а тоа бара одредена дипломатска подготовка, мислам дека може да се случи и сигурно нема да биде бескорисно, посочи Ушаков.

Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка ќе се одржи на 18 и 19 ноември во Шенжен, Кина.

Back to top button
Close