Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина

 

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека сојузниците издвоиле повеќе од 10 милијарди долари за помош на Украина и нејзиното вооружување.

Руте учествуваше на состанок на Контакт групата за одбрана на Украина чии копретседатели се Германија и Обединето кралство. Тој поддржа нови издвојувања за украинскиот фронт.

Според него, во таа сума се 3,5 милијарди долари од заемот на ЕУ за поддршка на Украина што е оценето како „знак“ за соработка меѓу ЕУ и НАТО и уште еден пример за засилена улога на Европа.

Back to top button
Close