Рибакина избори полуфинале на УС опен
Втората носителка и светска тенисерка Елена Рибакина од Казахстан избори полуфинале на УС опен откако во четвртфиналето ја совлада Кинвен Женг од Кина со 2-1 во сетови (3:6; 6:1 и 6:4). Шампионката на Австралија опен од оваа година не дозволи изненадување со 121.та тенисерка на светот, иако беше во негатива по првиот сет.
Тенисерката од Кина покажа дека е подготвена за подвиг и поведе откако го доби првиот сет со 6:3 во гемови. Сепак Рибакина успеа да изедначи со одлична игра во вториот сет, кој и припадна со 6:1 во гемови. Во решавачкиот сет немаше брејк до деветтиот гем, кога Рибакина го одзема гемот на сервис на Женг, а потоа ја искористи првата меч топка за 6:4 во гемови.
Нејзина противничка во полуфиналето ќе биде победничката од последното четвртфинале меѓу Мира Андреева и Коко Гоф.
Во првото полуфинале ќе играат Арина Сабаленка и Џесика Пегула.






