Зеленски: Нема да има трилатерални мировни преговори пред изборите за Руската државна дума


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека нема да има трилатерален состанок за завршување на војната пред изборите за Државната дума во Русија.

Зеленски изјави дека украинските и американските преговарачи се во постојан контакт и дека се надева дека до крајот на септември, по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп, ќе дојде до напредок во преговорите за енергијата и извозот на украинско жито, објавија британските медиуми.

Во Русија, изборите за Државната дума ќе се одржат на 20 септември.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска, зборувајќи за можното продолжување на преговорите, изјави дека Обединетите Арапски Емирати и Абу Даби би можеле да бидат местото на следната рунда трилатерални преговори меѓу Русија, Украина и Соединетите Американски Држави кога ќе започнат конкретните подготовки.

Back to top button
Close