Сопругата на Мадуро бара домашен притвор во САД поради сериозни срцеви проблеми

Сопругата на поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро, Силија Флорес, на која ѝ се суди во САД под обвинение за трговија со дрога и која се наоѓа во истата притворска единица со нејзиниот сопруг, побара да биде ослободена и ставена во домашен притвор поради срцеви проблеми.

Пред да биде приведена од американските сили, 69-годишната Силија Флорес „била во добро здравје и не примала долготрајна терапија, освен еднаш месечно инјекција“, изјави нејзиниот адвокат Марк Донели во барањето поднесено до судот.

Сега, додека е во федералниот притвор во Бруклин, таа се соочува со сериозни срцеви проблеми поради кои се потребни коронарни испитувања, па дури и операција, наведува одбраната.

 

Бидејќи условите во затворот не овозможуваат соодветно лекување, адвокатот побара таа да биде ставена во домашен притвор во САД под исклучително строги услови: 24-часовно вооружено обезбедување, електронска алка и одземање на пасошот.

Поранешниот венецуелски претседател и неговата сопруга, кои беа уапсени од американските сили во Каракас на 3 јануари годинава, се обвинети за учество во шверц на тони кокаин кон САД.

Двајцата ги отфрлаат обвиненијата, а Николас Мадуро се изјасни како „воен заробеник“.

Back to top button
Close