Го натерал 10-годишниот син да пука: татко уапсен откако детето застрелало човек кај Обреновац

Полицијата во српскиот град Уб го уапсила Славко О. (44), кој е осомничен дека го натерал својот десетгодишен син да пука во човек. Крвавиот инцидент се случил синоќа околу 21 часот во дворот на црква во село во близина на Обреновац, а на настанот му сведочел и локалниот свештеник, пишува српски „Телеграф“.

Според првичните информации, до пукањето дошло по расправија меѓу осомничениот и 25-годишната жртва, со која претходно работел на сеча и продажба на дрва. Причина за конфликтот наводно биле нерешени финансиски односи.

Во еден момент, Славко О. извадил пиштол, му го дал на својот десетгодишен син и, според сомнежите на полицијата, го натерал да пука во младиот човек. Во нападот тој бил погоден во рацете, по што бил пренесен во болница. Неговата состојба е стабилна и тој се наоѓа надвор од животна опасност.

Свештеникот кој се нашол во близина раскажал дека најпрво не се посомневал дека нешто необично се случува. Кога го забележал автомобилот како доаѓа во црковниот двор во доцните вечерни часови, помислил дека некој од верниците дошол да запали свеќа. Набрзо, сепак, сфатил дека се случува сериозен инцидент.

Мештаните се вознемирени од настанот, особено поради фактот што во него било вмешано и дете. Соседите за повредениот млад човек велат дека е вреден и мирен, а во селото велат дека не очекувале ваков инцидент.

Повеќе

Back to top button
Close