Виктор Орбан се враќа во политиката

Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан соопшти дека се враќа во политичката борба против новата унгарска влада предводена од Петер Маѓар. „Вака повеќе не може. Дојде време за национален отпор. Крај на трпението, крај на коректниот однос, крај на сите еднострани гестови“, изјави тој.

Одлуката доаѓа неколку месеци по тешкиот изборен пораз на Фидес, со кој заврши 16-годишното владеење на Орбан. Со најавата за „отпор“, тој јасно стави до знаење дека изборниот пораз нема да значи крај на неговата политичка активност. Останува да се види дали Фидес ќе успее повторно да ја консолидира поддршката меѓу унгарските избирачи и да се врати како водечка политичка сила.

На парламентарните избори во април, партијата на Орбан беше поразена од проевропската „Тиса“ на Петер Маѓар, која освои доволно пратенички места за двотретинско мнозинство. Новаата влада започна да спроведува реформи насочени кон промени во институциите и борба против корупцијата, паралелно со преориентирање на државната политика кон поблиска соработка со Европската унија.

Во рамки на пошироките промени, властите најавија укинување на дел од контроверзните законски одредби донесени во времето на Орбан, меѓу кои и регулативи поврзани со правата на истополовите двојки. Изјавата на Орбан беше широко споделувана на социјалните мрежи, каде што тој повторно се позиционираше како остар критичар на новата влада.

 

Back to top button
Close