Амбасадата на САД во Приштина: В среда се очекуваат големи демонстрации во Косово
Амбасадата на САД во Приштина предупреди за големи протести што ќе се одржат в среда, 16 септември, во центарот на Приштина и други поголеми градови во Косово како одговор на пресудата во Хаг за четворица поранешни команданти на ОВК, предводени од Хашим Тачи, на кои им се суди за воени злосторства и злосторства против човештвото. Според безбедносното предупредување, се очекуваат големи собири, затворање на патишта и сериозни прекини во сообраќајот.

Амбасадата им советува на своите граѓани да го ограничат движењето во непосредна близина на нивните живеалишта и да избегнуваат патување до работните места и училиштата ако нивната вообичаена рута поминува низ областите каде што се одржуваат протести.
На персоналот на американската влада им се советува да избегнуваат сите непотребни патувања во близина на местата на демонстрациите, а на вработените им се советува да не ги праќаат своите деца на училиште на 16 септември.
Амбасадата на САД во Приштина ќе остане отворена, соопшти, додека конзуларните услуги ќе бидат обезбедени на ограничена основа и по потреба.
Задутре се очекуваат големи демонстрации како одговор на пресудата во Хаг за четворица поранешни команданти на ОВК, предводени од Хашим Тачи, на кои им се суди за воени злосторства и злосторства против човештвото.
Обвинителството побара 45 години затвор за сите четворица обвинети под чија команда таканаречената ОВК извршила бројни злосторства, убиства и киднапирања припадници на армијата и полицијата на тогашна Југославија, српски цивили и други неалбанци во 1998 и 1999 година, како и против Албанци кои не прифатиле да бидат нејзини членови или помагачи. Во пресрет на евентуалната пресуда за Тачи, Весељи, Красниќи и Селими, политичките тензии и заплашувањата растат во Косово.





