Дванаесет држави бараат ЕУ да го интензивира присуството на Арктикот

Дванаесет земји ја повикаа Европската Унија да го засили своето присуство на Арктикот поради зголемените геополитичките тензии по руските закани и стремежот на американскиот претседател Доналд Трамп.
– Мора заеднички да се осигури безбедноста на Арктикот, се наведува во заедничката декларација од Самитот во финскиот град Рованиеми, на кој учествуваат лидерите на Германија, Грција, Данска, Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Романија, Финска, Франција, Холандија и Шведска.
Додека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта наведе дека целта е да се покаже дека тоа што се случува тука не е регионално туку европско прашање.
На средбата што се одржа во градот на Дедо Мраз, не беа донесени формални одлуки.
Самитот се одржа пред да биде донесена новата Европска арктичка стратегија, која има за цел да ги дефинира главните насоки на Брисел за регионот за годините што доаѓаат. Земјите-членки на ЕУ сè уште имаат можност да влијаат врз содржината на конечниот текст.
Треба да го зајакнеме ангажманот на ЕУ во овој регион за да ги надополниме напорите на НАТО“, нагласи Фридрих Мерц на заедничката прес-конференција во Рованиеми.
Интересот за Арктикот значително се зголеми по усвојувањето на последната политика на ЕУ посветена на регионот во 2021 година.
Арктикот е исто така во центарот на еколошките проблеми. Според експертите, регионот се затоплува речиси четирипати побрзо од глобалниот просек поради климатските промени, со сериозни последици за екосистемите и локалното население.
Топењето на морскиот мраз, исто така, отвора нови економски и стратешки перспективи. Русија, Кина и САД го зголемија своето присуство во областа, особено со цел пристап до нејзините богати природни ресурси и развој на нови поморски патишта.
Во август, Кина и Јужна Кореја испратија контејнерски бродови до Северниот морски пат, кој поминува низ руските територијални води, за да ја тестираат неговата изводливост. Патот, како што се повлекува морскиот мраз станува пловен подолги периоди.






