Мнозинството Французи очекуваат политичка и општествена промена по претседателските избори

Огромното мнозинство Французи очекуваат „вистински политички и социјални промени“ од претседателските избори закажани за пролет 2027 година, покажуваат резултатите од анкетата, објавени денеска во парискиот весник „Ле Монд“.
Анкетата покажува дека дури 71 процент од Французите очекуваат вистински социјални и политички промени од претседателските избори, додека 54 отсто од граѓаните изјавиле дека на општеството му се потребни длабоки промени, а 26 проценти сакаат радикални промени.
Анкетата покажува дека Французите исто така се песимистички настроени за ситуацијата во земјата.
Повеќе од половината испитаници (59 проценти) изразиле загриженост, неизвесност (51 отсто) и гнев (30 проценти). Дури 74 отсто од граѓаните веруваат дека ситуацијата во земјата ќе „се влоши“.
Според анкетата лидерката на крајната десница Марин Ле Пен и понатаму е најпопуларна политичарка, а 30 проценти од испитаниците изјавиле дека ќе гласаат за неа, а потоа следуваат лидерот на радикалната левица Жан-Лик Меланшон и поранешниот премиер на централно-десничарската партија Едуар Филип.
Онлајн анкетата е спроведена од 3 до 9 септември при што се испитани 13.000 француски граѓани.
Првиот круг од претседателските избори е закажан на 18 април, а вториот ќе се одржи на 2 мај 2027 година. Актуелниот француски претседател Емануел Макрон, по двата мандати, нема право да се кандидира.






