Исчезна 32-годишен скопјанец во Охрид, пронајдени неговите алишта и мобилен телефон

Полицијата и спасувачките екипи трагаат по 32-годишен скопјанец кој исчезнал додека престојувал со својот татко во автокамп во Охрид.

Според информациите од полицијата, на 14 септември 2026 година, околу 18:10 часот, во СВР Охрид случајот го пријавил З.С. од Скопје. Тој пријавил дека неговиот син Б.С. (32), со кого престојувал во автокамп, го напуштил кампот, по што му се изгубила трагата.

Таткото подоцна на плажата пронашол дел од алиштата на својот син, неговиот мобилен телефон и гумен чамец.

Веднаш по пријавата започнала потрага. Полициски екипи од Езерската полиција и СВР Охрид, заедно со членови на Спасителската планинарска служба и нуркачки тим од Нуркачкиот клуб „Охрид“, го пребаруваат теренот.

Потрагата се одвива и во водите на Охридското Езеро и на копно, со цел пронаоѓање на 32-годишниот скопјанец и целосно расчистување на случајот.

 

Back to top button
Close