Американскиот конгресмен Џон Коул: Американските банки треба да ги одмрзнат блокираните белоруски средства

Американскиот конгресмен Џон Коул изјави пред белорускиот претседател Александар Лукашенко дека Вашингтон побарал од американските банки да ги одмрзнат блокираните белоруски средства, соопшти белоруската државна новинска агенција БелТА.
Според Коул, кој денеска пристигна во посета на белорускиот главен град Минск, овие средства треба да ѝ бидат вратени на Белорусија.
Неговата изјава следува откако минатата недела Лукашенко побара враќање на, како што рече, 43 до 44 милиони долари што ѝ припаѓаат на Белорусија, а кои според него се блокирани во „Ситибанк“ (Citibank). Белорускиот претседател тогаш ја оцени оваа ситуација како „срам за САД“.






