Захарова: Француската иницијатива за нуклеарно одвраќање претставува ризик за Москва

Иницијативата за „проширено нуклеарно одвраќање“, што Франција им ја предложи на своите европски сојузници, а на која реши да ѝ се приклучи и Финска, претставува директен ризик за Москва – изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

– Оваа француска иницијатива, благо и дипломатски кажано, ја квалификуваме како неразумна. Сосема сигурно, таа крие ризици за нас – изјави Захарова пред новинарите на редовната неделна прес-конференција во Москва.

Back to top button
Close