Кутињо и Нејмар по бразилскиот за првпат ќе играат во ист клупски дрес


Големите пријатели и бразилски репрезентативци Филипе Кутињо и Нејмар до крајот на сезоната ќе играат заедно во бразилскиот тим Сантос. Нејмар веќе настапуваше за оваа екипа, која како засилување успеа да го договори и Кутињо.

Двајцата долги години беа репрезентативци на Бразил, а сега за првпат ќе можат да играат во иста екипа. Кутињо во јануари 2018 година од Ливерпул направи трансфер во Барселона, но немаше шанса да игра со Нејмар бидејќи тој неколку месеци претходно замина во ПСЖ.

Кутињо последен пат за Бразил играше во март 2022 година, а во 2024 година се врати во матичниот клуб Васко да Гама, но во февруари ја напушти екипата.

Back to top button
Close