Лајен: Русија ќе види дека решителноста на ЕУ е се посилна


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека инцидентите што ги предизвикува Русија во воздушниот простор на Европската Унија „не се изолирани“, туку се дел од „поширок модел на руска агресија и провокации против Европа“.

Таа на платформата Икс наведе дека Европа денеска повторно се разбудила со случаи на „неодговорно и опасно руско однесување“, истакнувајќи дека руски воен брод истрелал предупредувачки сигнали во близина на дански хеликоптер и оти дрон навлегол во литванскиот воздушен простор пред да биде уништен од борбени авиони на НАТО.

– Ова не се изолирани инциденти. Тие се дел од поширок модел на руска агресија и провокации против Европа што ја тестира нашата подготвеност и нашата решителност. Русија ќе види дека нашата решителност само станува посилна, посочи Лајен.

Таа додаде дека ЕУ „го зајакнува колективното одвраќање и одбрана заедно со НАТО“ и „го зголемува притисокот врз Русија“.

Back to top button
Close